Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими д-р Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

На средбата се разговараше за активностите во однос на работењето на лекторатите по македонски јазик, како и за плановите за проширување на мрежата на лекторати.

Директорката Мојсова – Чепишевска го информираше претседателот Пендаровски за подготовките за одржување на 55-тата Летна школа на семинарот.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на Меѓународниот семинар во проучувањето и изучувањето на македонскиот јазик и неговата афирмација во светот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.