Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.

  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева – (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан – ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:

1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)

  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)

Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:

  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” – Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева

Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:

  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер

Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение:

1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова

2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски

3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески

4.”Збунети години” – Велко Неделковски

5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски

Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:

  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници им беа врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.

Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.