Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.
Пејковски доаѓа на местото на писателот Сашко Насев кој беше назначен за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2018 година. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар.
Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.