ОТКАЖАНИ ГОСТУВАЊАТА НА ,,МАРЛЕНА” ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА!

03.03 – Дом на Култура, Битола

04.03 – Македонски народен театар, Скопје

Почитувани,
Не постои проект во кој, во последно време, Авалон вложил толку многу љубов како во гостувањето на претставата ,,Марлена”.
Но, едноставно, некогаш техничките (не)прилики се поголеми од било која желба, волја и енергија.
И покрај преместувањето на скопската претстава од Македонска филхармонија во Македонскиот народен театар, констатирано е дека, од непремостиви технички причини, не сме во можност да го одржиме гостувањето на претставата ,,Марлена” на 3ти март во Дом на култура, Битола и на 4ти март во Македонски народен театар, Скопје.
Се работи за многу комплициран проект со повеќе од 30 професионалци кои доаѓаат од Сараево, и за жал, како организатори, не сме во можност технички да ја изведеме претставата како би биле задржани сите театарски и сценски стандарди воспоставени од Сараевскиот народен театар, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.