Понудата од нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа седмица ја сочинуваат пет наслови со бескрајно возбудлива содржина од двајца странски автори и од две издавачки куќи.
Од денеска на пултот за зајмување читателите ќе можат да ги побараат следните книги:
Предалеку и Преблиску обете од авторот Аби Глајнс а во издание на Книгохоличари.
Од авторот Крис Картер ви нудиме дури три романи одеднаш.
Скулптор на смртта, Умираат еден по еден и Злотовор сите во издание на Сакам книги.
Библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.Таа е од отворен тип и читателите слободно можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.
Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.
НУ Библиотека



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.