„Нема да биде крај на светот“ на македонската режисерка Нина Николиќ е прогласена за најдобра претстава во целина на фестивалот БиХ драма Зеница, соопшти Македонскиот народен театар (МНТ).

Копродукцискиот проект помеѓу МНТ, Перипетија продукција и Сараевски ратни театар САРТР, „Нема да биде крај на светот“ е добитник на наградата од новинарското жири за најдобра претстава во целина на фестивалот БиХ драма Зеница – БиХ.

Следната изведба е закажана на 22 јуни во 20:30 на сцента во МНТ, а во рамките на Скопско лето.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ. Костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, сценограф: Ангел Петровски, музичката адаптација на Оливер Митковски, во претставата се користи композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.