Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите еврорегионални театарски фестивали “TESZT” кој се одржува од 2008 година.
Претставата “HISTORY OF MOTHERFUCKERS” својата премиера во Битола ја имаше на 17 и 18 јуни 2021 година, имаше и многубројни гостувања во земјата, а и надвор од неа како на пример: гостувањето на Шекспир фестивал во Чортановци-Србија (13.07.2021) , Охридско лето (16.07.2021) , Шишков Фестивал во Струмица (08.09.2021), Интерфест Фестивал на класична музика (02.10.2021), МОТ Скопје (19.11.2021), гостувањето во Суботица – Србија на Desire Central station Festival (25.11.22021) , сега отпатува и на фестивалот “TESZT” во Темишвар, Романија.
“TESZT” е еден од најважните проекти на унгарскиот државен театар “Csiky Gergely”.
Настанот е меѓународен и има за цел да го промовира знаењето за мултикултурализмот, да ја информира јавноста за најновиот театар за драматургија во регионот. Фестивалот работи како платформа за културни размени и како покана за дијалог со уметниците и другите специјалисти во областа.
Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана Борба. Никој не го сака Кориолан . Ни Шекспировата драма ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се сложуваме со сė што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократската заедница, ние не би ни зборувале за него. Лагата не е ни слатка ни нежна. Лагата е крвава и немилосрдна. Додека вистината и искреноста сепак се предуслов за вистинска уметност. Дури и кога лажеме поминуваме низ пеколот на искреноста за едно уметничкото дело да го претвориме во стварност. Барем во онаа уметност за која вреди да се зборува.
Во историјата секогаш зборуваме за разни motherfuckers кои биле грди, глупави, зли, кои некако ја зезнале работата и не спречиле да уживаме во крајно совршено опшество полно добрина, благосостојба, слобода, сигурност и вечно победнички војни. Народот, граѓаните секогаш се само лик без можност да одговараат. Тој нејасен поим како некаков апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поеднинци. Како да не е идивидуата таа која го пополнува гласачкото ливче, како да не е таа која го става во гласачката кутија. Народот не е одговорен. Како да не е народот тој што ги бира сите оние кои ги мразиме и ги сметаме одговорни за сė .
Народот се одрекува од одговорноста бидејќи со помош на гласачкото ливче му ја предава на некој поединец. Барем на четири години. А истиот тој народ за себе говори дека е изманипулирана маса. Мнозинството е закон. Sexy motherfucker. А истото тоа мнозинство никако да изговори дека иако не се согласува со мислењето на дугите е подготвено да загине само за тие да можат да го кажат тоа.
Нема врска дали тоа некогаш и било кажано. Лагата е слатка. Вистинита. А слободата боли. А власта се брани по секоја цена!, вели режисерот Андраш Урбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.