Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/0654/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на  својата  седница одржана на 3.11.2022  година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија, соопшти министерството за култура.

 1.  Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.     

2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на акад. Влада Урошевиќ, писател и Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник. 

3. Во областа на здравството, наградата му се доделува на проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2022 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

 Претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“ е акад. Газанфер Бајрам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.