На сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2022 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска и Франсиско Хименeз Руиз од Шпанија, во улогите на Китри и Базил. Во улогата на Еспадо ќе настапи Игор Веланоски, а во улогата на Улична е Симона Колиштркоска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

„Дон Кихот“ е волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена и вистинската љубов. Балетското дело е поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатото „Дон Кихот па де де“, кој дава акцент на целата претстава.

Kомпозиторот и виолинист  Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет  базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.