Во рамки на програмата на годинешново осмо издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, кој е тематски насловен како „Заробени во слободата“, гостува Мaргрет Гребович, која ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“. Настанот ќе се одржи в сабота на 20 мај со почеток во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро.

Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. Таа ги истражува еколошката имагинација и желба. Гребович е особено заинтересирана за дивината, јавните земјишта, дивите животни и чувањето миленичиња. Во изминатите две години таа спроведува теренско истражување на јужната граница на САД, пишувајќи за миграцијата и зачувувањето.

Настанот ќе се одржи на англиски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.