Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022″ по деветти пат ќе биде отворена на 24 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Лиса” во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до први март и ќе содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на повеќе јазици, продажна галерија со ракотворби, а ќе се организира и специјална интерактивна детска работилница за правење на мартинки.

Минатата година на традиционалната манифестација посветена на обичајот Мартинки, промовиравме шест печатени изданија за деца на повеќе јазици. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство” кадешто проектот за „Денот на Баба Марта” на ХАЕМУС беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни како исклучителен пример преку којшто се визуелизира и интерпретира културното наследство. Како носители на обичајот Мартинки во УНЕСКО, нѐ радува фактот дека вративме во живот обичај кој беше скоро на изумирање. Горди сме што манифестацијата секоја година има голема посетеност благодарејќи на високата свесност на луѓето за сопственото кулурното наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција“, вели Василка Димитровска, директорка на ХАЕМУС.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022″ се прави со поддршка од Минстерството за култура, Градот Скопје, ТЦ Лиса и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за oтворени oбразовни rесурси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.