Вечерва на 18 јули (вторник) со почеток од 21:30 часот, на 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват пред црногорската публика, Македонскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Народен непријател“  “ од авторот Хенрик Ибзен

Фестивалот „Пургаторије“ е еден од најзначајните во регионот, имајќи ги предвид обемот и квалитетот на програмата, организацијата и селекциите на претставите.Во натпреварувачката програма, освен претставата на МНТ, ќе учествуваат уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит − информираат од МНТ.

Во претставата „Народен непријател“ настапуваат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.