Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска повика на оптимално и разумно трошење во условви на четири светски кризи на средбата со директорите на националните установи која се одржа вчера.
Со директорите на сите национални установи во културата, отворено зборувавме за предизвиците кои мораме заеднички да ги решиме во услови на четири светски кризи: здравствена, економска, енергетска, безбедносна. Насоките од Владата за штедење се однесуваат на сите и повикуваат на домаќинско работење во сите сектори, па и во културата, рече Костадиновска Стојчевска.
Според Костадинвоска Стојчевска сега е време да се покаже солидарност.
Штедиме и ние во Министерството за култура. На потег се менаџерските способности на сите од нас. Повикувам на оптимално, рационално и разумно трошење, во наредниот период. Да преземеме мерки кои нема да се трајни, а кои ќе ни овозможат да ја одржиме културата жива, но и да го запазиме нејзиниот квалитет, рече Костадиновска Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.