Поради технички причини, онака како што е замислено од режисерот и сценаристот, невозможно е гостувањето на претставата ,,Марлена” од Сараевскиот народен театар да се одржи во Македонска филхармонија.

Од таа причина, после констатацијата на Сараевскиот народен театар, чии продуценти дојдоа на обиколка на Македонската филхармонија, заедно одлучивме претставата да се одржи во Македонскиот народен театар.

Поради фактот што Македонскиот народен театар не работи во недела, датумот на одржување на претставата се поместува за 4 март, објави организаторот „Авалон“.

Сите кои имаат купено влезници онлајн на ticketx.mk ќе добијат нови влезници на истиот мејл со кои се купени, соодветни на оние кои веќе ги имаат набавено за Македонска филхармонија, додека сите оние кои имаат купено влезници во некои од продажните места на ticketx, може да се обратат на [email protected] или продажното место од кое ги имаат купено, како би добиле нови влезници за преставата во МНТ на 4 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.