Горд сум што ги поставивме темелите на новиот театарски фестивал „5ре“ посветен на бардот на македонското глумиште Петре Прличко кој ги руши стереотипите, рече Марко Колев, градоначалник на Велес, вечерва, на отворањето во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“.

Гордост. Ако постои збор што до некаде може да го опише она што вечерва го чувствуваме тогаш тоа е: гордост. Гордост што сум од Велес, гордост што ги поставивме темелите на новиот театарски фестивал “5ре” кој ги руши стереотипите, гордост што ја имав честа да застанам на сцена со легендите на денешницата додека публиката громогласно аплаудира и се смее. Гордост што Велес живее!
Бескрајна благодарност до сите заслужни за оваа вечер, продолжуваме да се смееме и уживаме заедно со “5ре” и во наредните десетина ден, рече Колев.

Вечерва му беше врачена наградата „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност на внукот на Прличко, Игор Џамбазов.

Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.