Пред самиот почеток на фестивалот “5ре” во чест на великанот Петре Прличко, му оддадовме почит на бистата посветена на него во Младинскиот парк.
Заедно со неговиот внук и добитник на истоимената награда за животно дело, Игор Џамбазов, претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков и организаторите Ненад Витанов и Жарко Спасовски положивме свежо цвеќе, сеќавајќи се на богатата ризница која Прличко ни ја оставил во наследство.
“5ре” започнува наскоро, Велес живее! – напиша велешкиот градоначалник Марко Колев на својот фејсбук профил.

Фестивалот започнува вечерва, а ќе трае до 28 мај. Утревечер во 20 часот е претставата „Странци“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, на 21 мај во сабота ќе гостува прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со комедијата „Да Инспекторе“. На 25 мај е претставата „Вардарски пастуви“ на Тетарот Комедија од Скопје, а на 26 мај „Пасивно пушење“ со гостување на штипскиот театар. Сите претстави ќе бидат на сцената на велешкиот Народен театар освен последната на 28 мај кога е и затворањето на фестивалот на отворено на сцената во Младинскиот парк STAND UP со Тино и Атанас. Во рамки на фестивалот ќе има и две детски претстави кои се бесплатни за децата првата е на 26 мај во 13 часот „Чунголунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ и втората на 28 мај во 12 часот кога ќе гостува Театарот за деца у младинци со претставата „Супербајкастично“. Билетите за сите претстави за фестивалот може да се набават на билетарата од велешкиот театар. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес и повеќе спонзори, а организатор е Здружението со делегирана надлежност „Плус публика“ Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.