Филхармонија на 15 февраури, четврток го најавува „Љубов, страст – фламенко!” традиционален концерт по повод Денот на вљубените со една од најзначајните шпански фламенко вокалистки – Марина Хередија.

Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а на програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. Фламенко е повеќе од композиција, изведба, звук, ритам. Фламенко е поезија, чиста енергија, молитва, бунт, живот и историја.

Програма:
Ф. Г. Лорка: „Четири стари шпански песни“, орк. Х. Тригерос
М. де Фаља: „Љубов волшебничка“ („El Amor Brujo“) – верзија од 1925 г. за соло вокал и оркестар
– пауза –
М. де Фаља: „Трирогата шапка“ („El Sombrero de Tres Picos“) – свита бр.2
А. Гинастера: „Естанција“: четири танци, оп. 8а



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.