Во рамки на активностите од традиционалната културна манифестација „Гевгелиско културно лето“ од денеска до 9 јули градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија е домаќин на четиридневниот летен саем на книгата.
Штандовите со книги се поставени на отворено, на платото пред библиотеката, каде граѓаните ќе можат да ги разгледуваат и купуваат изложените книги од издавачките куќи „Паблишер“ и „Полица“, како и од издавачкиот центар „Три“.
Организаторите посочуваат дека настанот претставува прилика за граѓаните кои, под поволни услови и намалени цени, можат да си купат современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература од домашни и странски автори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.