Во рамките на работилницата „Кујна за критички рецепти и нови вкусови – Работилница на обединетите невештини и вештини“, на 18 март во 17 часот ќе се одржи онлајн предавање на реномираниот швајцарски уметник Томас Хиршхорн.
Организаторот Центар-Јадро посочува дека идејата за работилниците е да се поканат неколку истакнати уметници да одржат онлајн предања и со учесниците и пошироката јавност да споделат дел од својата уметничка пракса.
Онлајн предавањето ќе се може да се следи преку Фејсбук-страницата на Центар-Јадро.
„Хиршхорн нашироко се смета за водечки уметник на неговата генерација. Тој користи секојдневни и пронајдени материјали како пластична фолија, картон, алуминиум, селотејп и слики од списанија за да создаде дистописка реалност. Работниот процес на правење на неговите комплексни дела останува видлив при нивното изложување и така тој станува метафора за индивидуалната и колективната борба за воспоставување демократија“, стои меѓу друтото во најавата за предавањето.
Работилницата е дел од проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ кој се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.