Не знам од каде излегоа информациите дека сум кажала оти сите вработени во културата ќе бидат на минимална плата. Жалам што некој ја злоупотреби средбата со директорите на националните установи, каде кажавме дека сите ќе бидат активно вклучени во изработката на новиот колективен договор и во изработувањето на Законот за култура, вели министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа за Клан ТВ додава дека на состанокот со директорите на националните установи се разговарало за случувањата со кризите коија зафатија Европа.

Со одредени времени мерки треба да се позанимаваме за да може да имаме одржливи буџети, а да не падне нивото на културата. Мора некако да штедиме, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура додаде дека подготовката на новиот колективен договор во културата нема да биде рестриктивен, туку по примерот на покачувањето на минималната плата и пензиите, тоа ќе се прави инклузивно, каде што ќе се вклучат и слушнат сите кои активно исползуваат од тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.