Министерството за култура, за оваа намена, одвои 5 милиони денари. Со тоа, создадени се услови за враќање на вредните дела од постојаната поставка на МСУ кои беа засолнети на безбедно, соопшти министерката

Отпочнуваме со целосна реконструкција на Музејот на Македонија. За таа намена отворивме нова буџетска програма која, за реализација на првата фаза, предвидува 50 милиони денари или над 800 илјади евра, соопшти на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Реконструкцијата започнува во 2023 година. Во моментов, на ревизија е Основиот проект, изработен оваа година, за целосна реконструкција и санација на Музејот. Затворено е и прашањето со протекувањето во Музејот на современа уметност. Санацијата на покривот и на покривната конструкција е завршена во поголем дел (над 70%). Министерството за култура, за оваа намена, одвои 5 милиони денари. Со тоа, создадени се услови за враќање на вредните дела од постојаната поставка на МСУ кои беа засолнети на безбедно“,

напиша Костадиновска Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.