Буџетот на Министерството за култура е намален во однос на минатата година. Вкупниот буџет за поддршка на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година е 20 отсто од целиот буџет, информираше денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Сепак, како што изјави министерката по брифингот со медиумите, Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет.
Никогаш нема да имаме доволно пари во културата, доколку и цел буџет го искористиме само за овие проекти и тоа ќе биде малку. Јас сето тоа го разбирам, но сметам дека Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет, рече Костадиновска-Стојчевска.
Додаде дека минатата година буџетот на Министерството за култура изнесувал 4,6 милијарди денари, а оваа година е 3,7 милиони денари.
Согласно овој буџет, според тоа што ние го имаме како должност кон националните установи, предвидени се 12,6 милиони евра за програмите, 21,3 отсто за националните установи и остатокот е за одделот на Министерството за култура, изјави Костадиновска-Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.