Во срцето на Баба планина и со поглед на бистрите води на Преспанското езеро сместен е најзначајниот храм од времето на византиска Македонија – Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново. Живописните фрески кои речиси 1000 години го красат овој храм , наскоро ќе добијат нов сјај.
Конзерватори од Солун и Битола заеднички активно работат на студија за заштита на надворешниот и внатрешниот дел на црквата, а со тоа и спас за фреските. Она што не беше случај досега, по потпишувањето на Преспанскиот договор, стручни лица од Грција ја зголемуваат соработката со македонските колеги и со најсовремена опрема се вклучуваат во истражувања за степенот на оштетување на фреските во Курбиново.
Македонскиот тим на конзерватори во комуникација со екпертите од Солун веќе земаат примероци од боите и се прават фотографии со специјализирани камери за да се утврди состојбата на фрескоживописот.
Целиот текст на Алфа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.