Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом.

Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната сала во Офицерскиот дом.

Концертот почнува во 20 часот, а на програмата се дела од Шопен, Лист, Џамбазов, Имери, Завков, и Ѓумар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.