Во салата „Балдини“ во Рим денеска реномираниот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во рамките на чествување на манифестацијата „Денот на Светите Кирил и Методиј“.

На концертот, Нацоски ќе настапи заедно со пијанистот Алесандро Д‘Агостини.  На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.