Вечерва во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Заедничка историја-заедничка глупост”, во организација на Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изложбата е посветена на односите меѓу Бугарија и Македонија. Организаторите сметаат дека исмејувајќи се над нашите стравувања преку карикатурите на авторите од двете земји, полесно ќе ги надминеме истите.
Од македонска страна учесници во изложбата се карикатуристите Мирослав Георгиевски-Миро, Златко Крстев и уште тројца карикатуристи.

Учесници од бугарска страна се карикатуристите Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви. Тие работат во хумористичното издание „Прас прес”, кое е многу популарно во Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.