ЏЕЗ-ИМПРОВИЗАЦИЈАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Оставка е решението Бисера!

Три недели државните службеници од културата протестираат пред Министерството за финансии и Владата на Република Македонија во надеж дека некој ќе ги слушне нивните барања за рамноправен третман и достоинствени плати како нивните колеги од Министерството за финансии. Но според омилениот принцип на власта „Сите се еднакви, ама некои се поеднакви од другите“ вработените од Министерството за финансии веќе имаат плата повисока за 30%. Очиггледно, тие се „поеднаквите“.
Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура во Владата на ДУИ и СДС, три недели, наводно ја даваше својата поддршка на нејзините вработени од кои зависи реализацијата на националната програма за култура на неколку стотини културни оператори. Резултатите од досегашните протести кои министерката јавно, пред медиумите ги поддржа, донесоа само покачување на нејзината плата за 78% и на платите на избраните директори. Многумина останаа разочарани, со болно чувство дека се подмолно изманипулирани и понижени. Ваквите постапки на министерката покажуваат дека во неа не може да се гледа сериозен и искрен соговорник, туку само провиден манипулатор кој пред себе има некоја друга скриена агенда.
А обемот на таа агенда е прилично широк.
– Хаосот кој настана со поднесувањето на измените на девет закони по скратена процедура, меѓу кои е и Законот за заштита на културното наследство, само ја потврдува нетранспарентноста и „матната“ страна на владините проекти. Иако Законот за заштита на културното наследство е повлечен, кај јавноста остана реалниот сомнеж дека зад оваа постапка не се крие согледба за направен превид, туку манипулативен обид да се протнат измените низ некои други, тајни, „задни вратничиња“.
– Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис на согласноста за формирања на шест нови национални културни институции. Досега, ниту една од нив не функционира. Зошто? Едноставно, затоа што министерката нема соодветна, професионална анализа за финкционалното делување на овие институции. Има желба, или подобро кажано – агенда. Новиот, национален џез оркестар го „насади“ во зградата на Филхармонијата, а од револтот на нејзините вработени произлезе петиција во која јасно се наведуваат причините за нивното несогласување – просторот да го делат со друг национален оркестар.
Се гледа дека Бисера Костадиновска Стојчевска е голем почитувач на џезот, посебно на фри-џезот и импровизациите, па ваквиот начин на работење министерката за култура го имплементира и во културната политика. Тоа го прави прилично неуко и лаички. За музичка импровизација сепак е потребен божествен талент, повеќегодишно искуство и искрена посветеност.
А за политичка импровизација…што треба?!
Централна комисија
за култура на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.