На покана од Здружението „Данте Алигиери“ од Штутгарт, на 23 февруари, во Италијанскиот културен институт во Штутгарт, свое книжевно претставување ќе има македонската писателка, поетеса, преведувачка и антрополог, Наташа Сарџоска.

Книжевниот разговор со неа ќе го водат професорките по италијанска книжевност од Универзитетот во Штутгарт, Сабрина Мааг и Симонета Пулејо, која е воедно и претседателка на Здружението. Во рамките на книжевниот разговор на италијански јазик со Наташа Сарџоска како двојазичен автор, ќе се промовира и нејзината поетска книга „Крстна коска“, која, во нејзин автопревод, ја објави италијанскиот издавач „Интерно поезија“.

Освен за своите поезија и проза, Сарџоска ќе говори и за книжевните преводи од италијански на македонски јазик, за своите студии и живот во Италија, за влијанието на Италија врз нејзиното поетско и прозно творештво, како и за блискоста со италијанските култура и јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.