Како што најавивме минатиот месец, во март му оддаваме почит на маестро Александар Џамбазов, со македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во режија на Димитрие Османли. Овој наш познат и значаен диригент и композитор е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е главна музичка тема во филмот, велат од Кинотеката.

МЕМЕНТО
(Memento)
Игран филм, Македонија
1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски,
Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan
Boshkovski, Tashko Georgievski)
Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг
Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре
Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata
Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada
Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski)
Еден ден спроти земјотресот во Скопје 1963 година, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години, кога Вили Милер диригира еден концерт на „Средбата на солидарноста“ во Скопје. Тие неколку денови минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.
Кинотеката го прикажува филмот МЕМЕНТО во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е изведена филмот.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

Почеток 20 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.