Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово

Култура 10.08.2022 / 10:09

Европската куќа Крива Паланка вечерва на плоштадот во Општина Ранковце организира кино под отворено небо, дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион.

Проекциите се реализираат во рамки на неделата на младите.

– По кино-проекциите реализирани на крајот на минатиот месец на градскиот плоштад во Крива Паланка кога беа претставени едни од најдобрите европски филмови: “И тогаш танцувавме” на Леван Акин од Грузија и “Нека биде светлина” од Марко Шкоп, Чешка и Словачка продукција, продолжуваме со проекциите и одличната атмосфера за младите од соседните општини. Вечерва организираме кино под отворено небо во Ранковце, каде ќе се прикажува филмот “Олег” од Јурис Курситис, а во сабота во Кратово на програмата е “Нејзина работа” на Никос Лавот од Грција, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка.

Кино под отворено небо во Кратово ќе се реализира на 13 август, сабота, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”.

Во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis girişgrandpashabet güncel giriş