Седум шпански филмови ќе бидат прикажани во рамки на десеттото издание на Неделата на шпанскиот филм („Semana de cine Español“) што ќе се одржи од денеска до 17 ноември во организација на Амбасадата на Шпанија во соработка со Кинотеката на Македонија и Скопје Филмски Фестивал.

Манифестацијата ќе биде отворена со проекцијата на филмот Шампиони „Кампеони“ од 2018 година во режија на Хавиер Фезер.

Филмот во 2018 година беше номиран во 11 категории за Гоја наградите, а освои три награди – за најдобар филм, актерско откритие и песна. Истата година за Ариел наградите беше номиниран за најдобар ибероамерикански филм, а за Feroz Awards од четири номинации беше прогласен за најдобра комедија. Во рамки на Forqué Awards истата 2018 година беше носител на наградата за најдобар филм и филмска награда за образование во вредности, а во 2019 година беше во конкуренција во пет кагегории за Платинум награди, а ја освои за кино и образование во вредности.

Според содржина, Марко, професионален кошаркарски тренер, еден ден се наоѓа себеси, среде лична криза, како тренира тим составен од луѓе со интелектуална попреченост. Она што започнува како проблем, завршува како животна лекција…

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број седишта неопходна е резервација во Кинотеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.