Утре, в петок, во 20,30 часот, на 4 ноември ќе се одржи свеченото отварање на фестивалот Есенски музички свечености во фоајето на Националната опера и балет, со спектакуларниот барокен концерт на ансамблот БА-РОК, кој е состевен од врвни инструменталисти, концертмајстори, водачи, солисти од НОБ предводени од маестро Иван Еминовиќ. На програмата се дела од Ж.Ф Рамо, А.Вивалди, Г.Ф. Хендл и Ј.С. Бах.

Проектот е поддржан од Министерство за култура, НОБ и Дирекција за култура и уметност – Скопје.

Членовите на ансамблот „БА- РОК“ својот прв заеднички настап го имааа на Мајски оперски вечери 2021 година во продукција на НОБ со претставата „Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Оттаму произлезе идејата да се продолжи како ансамбл кој ќе ја негува барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Македонија. Самата комплексност на барокниот стил бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, пејачите се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ.

Предводени од диригентот Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен барокен перформанс, преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, велат од ансамблот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.