Патувачката изложба на јапонски кукли „Нингјо“ е поставена во Археолошкиот музеј во Скопје.
Станува збор за сеопфатен вовед за јапонските кукли, од од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, до локални кукли кои ја рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет.
Нингјо значи кукла или човечки облик на јапонски и културата за кукли која се негува низ годините во Јапонија ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во 4 категории: ‘Нингјо за молитва на детскиот развој’, ‘Нингјо уметност’, ‘Нингјо фолклор’ и ‘Ширењето на нингјо културата’“, се вели во најавата за изложбата.
Со оваа изложба Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ја прославуваат 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Македонија.
Влезот за изложбата е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.