На 25 ноември 2024 со почеток во 19:30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство.“

Бидете дел од интерактивна вечер пропратена со дискусија, прикажување на кратки видеа и документарни филмови и моќната изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска со цел да испратиме порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.

Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите нации во соработка со своите партнери Делегација на Европската Унија во Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД – Агенција за меѓународен развој на САД и многу други. Целта на кампањата на глобално и регионално ниво е да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.