Изложба на фотографии и инсталации во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи, во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој, ќе биде отворена вечер во Национална галерија на Македонија – мала станица.

„Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминуваат низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, објаснуваат од Театар „Пи“.

Настанот е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со типичен и атипичен развој во културата, почната во јануари годинава, а ќе трае до мај следната година. Дел од изложбата е исто така големо платно со акрил кое што беше сликано за време за концертот од уметникот Тома Димовски и од малата и талентирана Кјара Нефовска. Темата е инспирација од писателот Јордан Радичков, идејата и концептот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, а проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.