Изложбата „СКОПЈЕ – ГРАДОТ ФЕНИКС“ е подготвена по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје на 26 јули 1963 година.
Организатор е Музејот на град Скопје. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот. Изложбата ја раскажува приказната за катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година. Животот во градот непосредно по земјотресот и сето она што ќе следи во првите месеци по катастрофата, е раскажано на паноата и преку изложените музејски предмети и материјали.
Посебен дел е посветен на меѓународната манифестација „Средба на солидарноста“, еден исклучително значаен настан за градот Скопје во 1960-тите години на 20 век. Застапени се и бројните меѓународни спортски настани одржани во знакот на солидарноста, во периодот по 1963 до 1981 година.
Во соработка со Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ, УКИМ – Скопје, е подготвено сеизмолошко катче, каде посетителите имаат можност да ѕирнат во тајните на сеизмологијата.
Изложбата ќе се отвори на 26 јули 2023 година, во 20 часот.
Ќе биде поставена до крајот на месец август. Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.