Во среда, на 20 март 2024 година, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”.

Изложбата е по повод 105 години од нивната смрт. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.

 

Изложбата е во соработка на Здружение Друштво на писатели Куманово и Сретенскиот манастир од Москва.

Во рамките на настанот предвидена е и мала културно-уметничка програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.