Изложба на фотографии „Париз, Ла Дефанс“ на Александар Кондев денеска ќе биде отворена во Културно информативниот центар (КИЦ) во изложбениот салон – Империјал 1, со почеток во 20 часот.

Фотографиите за оваа изложба настанаа во декември 2021 година за време на студискиот престој на Кондев во Париз, потпомогнат од Министерството за култура.

Изложбата е во рамки на Скопско лето и ќе трае до 6 јули.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.