Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот Министерски совет на ОБСЕ што од денеска ќе се одржува во Скопје.

На изложбата, како што информираа од Друштвото на ликовни уметници, се селектирани дела од Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Јана Манева-Чупоска, Маја Рауниќ, Дијана Томиќ Радеска, Гордана Вренцоска, Ирена Паскали, Наташа Милованчев, Дита Старова Керими, Ана Ивановска, Благојче Наумовски, Јовица МИјалковиќ, Тања Таневска, Шкипе Мехмети, Марјана Костојчиновска и Илиана Петрушевска.

Изложбата ја реализира Друштвото на ликовни уметници и проектот „Фемина“ на кураторот Јана Манева-Чупоска на покана на Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.