Менторската мрежа „Стела“ во среда (6 март) ќе ја промовира публикацијата „Надвор од екранот: Разоткривање на дигиталното родово насилство низ критички осврт“.

Во рамки на настанот ќе биде поставена и изложбата на дизајните на графичката дизајнерка Теано Кардула, кои се дел од креативниот израз на „Стела“ за време на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство. Настанот ќе се одржи во горното фоаје на Младинскиот културен центар.

Публикацијата „Надвор од екранот: Разоткривање на дигиталното родово насилство низ критички осврт“ се состои од 10 есеи и една поема – сите напишани за различни аспекти на дигиталното родово базирано насилство.

Настанот ќе биде отворен во 19 часот со читање на поемата The Female Rage, од Фатос Груби, напишана за публикацијата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.