Во Офицерски дом во Битола денеска ќе биде отворена ликовна изложба „Современата уметност во Битола“ претставува единствен ваков пресек на автори и дела поврзани со Битола.
На изложбата учествуваат со свои дела уметниците кои работат и творат во Битола, ченовите на ДЛУБ , уметниците кои се родени или потекнуваат од Битола и околината, но и оние кои живееле и работеле на овие простори и своите дела ги инспирале од пределите, луѓето и настаните во овој град, како и наследниците на уметниците кои веќе не се помеѓу нас, но како завештание ги чуваат нивните дела.
Со оваа изложба за прв пат се промовира и галерискиот простор во Палатата на културата – Офицерски дом при ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.