Во Музејот на македонската борба денеска напладне на свечен настан ќе биде отворена изложбата „Мисионерка на милосрдието – спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“ што ја подготви Државниот архив.
Преку изложбата, Државниот архив се вклучува во одбележување на 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза и на јавноста првпат ќе и презентира архивска документација за животот на семејството Бојаџиу до 1934 година ѝ за нејзините посети на Скопје. На настанот ќе бидат прикажани и видеозаписи за светицата Мајка Тереза. Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 13 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.