На 4 мај, во 19.30 часот, во галеријата „Рудиќ“, ќе се отвори изложба на младата фотографка Христина Трајкоска, која ќе прикаже 23 концепти и емоции, со кои се соочила за време на ковид-пандемијата. Нејзините автопортрети, во кои ги прикажува емоциите со кои сите се справуваа, се фотографирани во 2 соби, спална и тоалет!

Ќе долови како се справила со пандемијата, 2 години оддалечена од сите, своето семејство, пријатели и од можноста да го работи она што го сака најмногу – портретно фотографирање.

Таа вели дека на почетокот била отуѓена од себе и присиленоста да креира сама во тие 2 соби го гледала како пречка. Со надминување на нејзините изговори ја вратила довербата во себеси, решила да биде ранлива и за промена таа да застане пред објективот. Се заљубила во самиот процес на креирање автопортрети и ја потврдила лекцијата – единствена пречка до успехот се нашите мисли.

На овој настан со необични фотографии и одлична музика од акустик дуото Полина Тасева и Иван Петровски, публиката ќе се запознае и со самиот процес на креирање на тие фотографии преку Behind the scenes-видеа, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.