На платотот пред Офицерскиот дом во Битола викендов беше отворена изложбата на фотографии „Џезтетика“ од Татјана Ранташа, а имаше и промоција на истоимената книга која неодамна излезе од печат. Со изложбата се одбележа 30 април, Светскиот ден на џезот.

Во рамките на музичката програма настапи џез-квартетот „Сашо Поповски квартет“ со музичарите Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.

Книгата „Џезтетика“ се состои од портрети на педесетина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Ранташа, професионален фотограф што ги бележи позначајните музички настани во Скопје. Книгата е облагородена со текстуалните варијации на писателот Александар Прокопиев. Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.