„Пијачки од дома да си носите“ беше пораката на организаторите на неколкуте концерти што се броеја на прсти, а беа изведени во оскудни услови во Младинскиот културен центар (МКЦ) за време на изборите. Центарот изминативе месеци често беше празен, обвиткан во мрак, без шанк, без разновидна и алтернативна културна програма за младите, бидејќи кубуреше со персонал откако новиот директор Арбен Бени Шаќири им ги прекина договорите на 30 хонорарци, што се’ уште влијае врз идното планирање на содржините и воопшто функционирањето на МКЦ, пишува Радио МОФ.

Изборите поминаа, а на хонорарците не им се продолжени договорите и не се вратени на работа. Планетариумот се’ уште не работи, не работи бифето, Детскиот креативен центар, Џебното кино, Ап(о)теката за плочи и сувенири… а сите тие продуцираа некаква содржина.

СКРМ предложи решение за хонорарците, за кои Шаќири рече дека не им го продолжува договорот поради препорака на Државната корупција за спречување корупција (ДКСК) и Изборниот законик,  дека согласно Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници, установата има право да врши исплати од сопствени приходи и во изборен циклус. Плус, кон тоа се аргументираше и дека, пример, како може еден предавач во Планетариумот да влијае врз изборниот процес, или пак детски едукатор што држи работилници во Детскиот центар.

Сепак, културниот живот скоро згасна за изборите, што според анализата на Радио МОФ се покажа дека е своевиден преседан во МКЦ, бидејќи Центарот и претходно функционирал за избори, додека останати културни установи како МНТ, Драмски и Турски театар рекоа дека до нив воопшто нема стигнато препорака од ДКСК.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.