Ива Дамјановски за „Мојата песна се фрла од мостот“ е лауреат на поетскиот конкурс за необјавена песна „Антево слово“ за 2021/2022 година.

Наградата е дел од Меѓународна поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Наградени автори на „Антево слово“ 2021/ 2022 – Сицилија, Италија

1. награда
Ива Дамјановски – Мојата песна се фрла од мостот

2. награда
Елизабета Бандиловска – Солзите на светот;
Михајло Костадиновски – Младост за перење;

3. награда
Љубинка Донева – Птиците и гробиштата
Димче Шипинкаровски – Прочка

Награда за млад автор:
Мелани Иванова – Порака за мир

Годинешниот мал јубилеј ни претставува особена чест затоа што македонската поезија е дел од оваа значајна Меѓународна поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Мисла-песна, песна-мисла, поврзаноста градиво за нови светови, темел за нова јасност. Потребата за мир не е е надреална желба, андроидното живеење е веќе реалност, но да знаеш да ја пренесеш низ поетски глас симболиката на интимните вивнувања и падови преку личните дискурси на перцепција со автентичност и скриена поетичност и мелодика е нешто што ги отвора портите на стиховерзумот на новите поколенија.

Според Атина Цветаноска, член на жири-комисијата на „Антево слово“, експресивната мисла на Ива Дамјановски е луцидно покажана во нејзината песна „Мојата песна се фрла од мостот“.

Нејзината песна е жив организам кој битиствува во реалноста која ја опкружува и се стопува во живиот и неживиот свет. За неа стиховите се органско продолжение на нејзината суштина и се истовремено и орудие и екпресија и израз на внатрешен животен порив. Стиховите се иновативни, современи и во исто време едноставни што прави оваа песна да се чита лесно, но и да побуди прашања и размислувања за есенцијата на животот“, вели Цветаноска.

Ива Дамјановски е родена 1996 година во Скопје. Дипломиран пијанист и моментално работи на своите магистерски студии на Libera Università di Bolzano на Катедрата за музикологија, како и на Катедрата за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје. До сега има издадено две збирки поезија, насловени „Тие“ и „Двоумење“, како и две научни статии од областа на музикологијата. Добитничка на престижната поетска награда за поезија „Браќа Миладиновци“ во 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.