Гордост и чест ми е што толку млада сум препознаена како авторка кој има моќно влијание со своите филмови во светот. Тоа само ми дава мотив да продолжам во иста насока”, рече режисерката Тамара Котевска, која на Филмскиот фестивал во Венеција одржа предавање на кое го претстави нејзиниот нов документарен филм „Патешествието“ („The Walk“).

Котевска како една од двајцата режисери на „Медена земја“ има две номинации за Оскар – за најдобар странски филм и за најдобар документарен филм во 2020 година.

Ексклузивниот настан „Lights Camera Impact“ секоја година кани три светски реномирани автори чие последователно творештво се филмови, кои имаат потенцијал да влијаат на општеството и да ја менуваат свеста на луѓето за одредени важни социјални теми.

Како главен продуцент на филмот „The Walk“ се потпишува една од најголемите филмски компании за документарни филмови во Англија, GRAIN MEDIA, која зад себе има многу награди, меѓу кои и неколку Оскари. Позади неа стојат познати оскаровски имињата како: Orlando von Einsiedel (Virunga, Learning how to skateboard in a war zone if you are a girl), Stephen Daldry (The Hours, The Reader) и Tracey Steward (Slum-dog Millionaire, 2 Popes etc).

Котевска говореше и го претстави новиот документарец „Патешествието“ (The Walk), за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците.

Филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за филм како малцинска копродукција, а како македонски копродуцент се јавува ОХО продукција.

Настанот го организираше модната икона и активистка, Дајан фон Фурстенберг, која преку својата фондација од 2010 година ги доделува наградите DVF на жени кои покажале водство, сила и храброст во својата посветеност на женските прашања во светот. Добитнички на оваа награда годинава беа: Амал Клуни, како адвокат за човечки права која ги брани злоставуваните жртви жирум светот, потоа заменичката на главниот секретар на Обединетите нации, Амина Ј. Мохамед, бранителката на животната средина и човечките права, Хелен Гуалинг, стручњакот за вештачка интелигенција, д-р Џој Буоламвини и поборникот за родова еднаквост, Лили Синг.

фото: Инстраграм профил на Тамара Котевска

Талентираната режисерка сподели неколку фотки од настанот.

Тамара изгледаше совршено во бели панталони и кроп-топ блуза на која пишува Амал, со златни реси, во комбинација со црни сандали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kotevska (@tamarakotevska)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.