На 2 јуни (четврток) ќе биде отворена годишната завршна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
На изложбата ќе биде претставена селекција на дела изработени на студиските програми по сликарство, вајарство, графика и ликовна педагогија, како и модулите сценографија, графички дизајн и конзервација и реставрација во текот на академската 2021/2022 година.

ОТВОРАЊЕ I
• четврток (2 јуни), 20 часот
• Ателјеа на студиска програма по сликарство, вајарство и ликовна педагогија; модул сценографија.
• ул. Дрезденска б.б, (Педагошки факултет).

ОТВОРАЊЕ II
• петок (3 јуни), 20 часот
• Ателјеа на студиска програма по графика; модули графички дизајн и конзервација и реставрација.
• Сули ан (ул. Битпазарска б.б, Стара чаршија)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.