Оваа сабота, во камерната сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на кој во интимна атмосфера ќе биде претставена жанровски неограничената и автентична музика на еден од нашите најплодна и најнеобични композитори.

Концертот ДУЕТИ на Георги Шарески, на кој ќе бидат изведени авторски композиции на овој наш музичар кој дипломирал на Беркли и е со светска кариера, аранжирани се за две различни дуо формации. Дуети за клавијатури и контрабас, во изведба на Џијан Емин и Оливер Јосифовски, двајца најдолгогодишни и најблиски соработници на Шарески, и интернационално етаблирани и реномирани македонски музичари. А во вториот дел се дуети за усна хармоника и гитара во изведба на Марко Јовановиќ, кој е еден од најпознатите европски мајстори на усната хармоника. На овој концерт ќе биде и македонска премиера за музиката од новиот албум на дуото Шарески-Јовановиќ, насловен како “Big Love” кој ќе биде објавен во февруари 2023.

Георги Шарески е врвен џез музичар и композитор, кој особено внимание посветува на бојата на звукот и на аранжманите каде тој балансира музички помеѓу традициите во овој жанр, но и на иновациите. Зад себе има десетина албуми, настапувал на бројни светски џез сцени во различни формации..трио, квартет, квинтет. Но процесот на компонирање и оркестрирање е можеби место каде што тој е најмногу свој.

Тоа е различен процес од настапи и концерти, поради тоа што тогаш сум сам, а кога сум сам, сѐ зависи од мене, и ми е многу полесно да немам сомнежи. Во однос на настапи, исто така ми е најубаво кога не постои сомнеж, и поради тоа, во последните неколку години многу внимавам на тоа со кого соработувам. Најмногу сакам да работам со музичари со кои имаме сличен сензибилитет и силна жед за нова и уникатна креација, изјави Шарески пред најавата за овој посебен концерт.

кој започнува во 20 часот, а билетите се веќе во продажба по цена од 350 денари на билетарата на филхармонија. Концертот е поддржан од Министерство за култура, а автор на постер е Ѓорѓе Јовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.