Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организираат изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари.
Гарчанецот кој остави траен и сеуште жив белек со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сеуште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата.
Неговите дела се иконостасите во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание.
Гарчани ги канат добронамерниците да присуствуваат на отворањето на изложбата во сабота во 19 часот. Изложбата е организирана од месната заедница, а со несебична помoш и подршка од МАНУ.
Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски – Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.